Фатмир Лимани се приклучува на БЕСА

Фатмир Лимани кој се кандиираше за градоначалник на општина Кичево на локалните избори, од петок заедно со неговата политичка структура ќе се приклучи кон Беса.



Од Беса велат дека станува збор за голем политички настан имајќи предвид дека Лимани, покрај во Кичево, каде водеше голема битка за градоначалничката функција, има структури и во Скопје, во Арачиново, во Битола, во Струга, како и во многу други места каде јаки позиции имаше ДУИ.

Фатмир Лимани за МКД.мк изјави дека синоќа бил во Битола, каде организира силен „фузиониран“ огранок. Очекува избори во септември, а тој „ќе ја работи“ Петтата изборна единица.

Точно тоа, фронт за парламентарни избори во септември, а почнувам со Битола. Таму многу луѓе ме паметат по добро. Меѓу другото, организирав 150 вработувања во РЕК Битола, одбирајќи да се работи за семејства без вработени лица, без оглед дали се Македонци, Албанци или други по националност. По Битола, идната недела ќе се организира огранокот во Кичево, потоа одиме по ред – Струга, Долнени, Ресен, Охрид, Дебар… Петтата изборна единица 5-ка ќе ја работам сам“, вели Лимани.

„Овој петок или во сабота, ќе се знае многу повеќе за се, со кого и како“… нѝ рече Лимани.

Инаку, Лимани претходната недела изјави за МКД.мк дека покрај со Беса, разговарал и со врвот на Алијанса за Албанците со цел создавање на една, моќна опозициска партија.