Во синоќешната емисија 24 анализа вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи рече дека партијата ДУИ нема да го прифати предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, актуелниот гувернер Димитар Богов да биде избран за уште еден 7 годишен мандат на чело на Народна банка на Македонија.
„Во случајот имавме најдобро професионално решение за таа позиција со домашно и меѓународно признание и сметавме дека Фатмир Бесими е најдоброто решение за успех за таа институција. Ние нема да го поддржиме едностраниот предлог на Иванов остануваме на мислењето дека Бесими е најдоброто решение и ќе се обидмеме да ги убедиме партиите дека тоа е најдоброто решение“ рече Османи на гостувањето во 24 анализа.





