Државната компанија за производство на струја ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) треба да плати 25 милиони евра затоа што во октомври не произвел струја колку што најавил, а кусокот струја е надополнет со превземање од регионалната мрежа.
Фактурата тешка 25 милиони евра е испорачана, дознава „Фактор“ од извори во енергетскиот сектор.
Количината електрична енергија што била кусок морал да ја превземе МЕПСО како национален систем-оператор и да ја плати на регионалната електроенергетска мрежа. Згора на трошокот за превземена струја ЕСМ треба да плати и пенал за дебаланс односно казна заради тоа што не ги испорачал најавените количества електрична енергија.
Ако се потврди оваа неофицијална информација ЕСМ ќе мора да бара нова „инфузија“ од Владата.
Од ноемвриската помош од буџет вредна 65 милиони евра досега ЕСМ потроши околу 58 милиони евра, пишува „Фактор“.







