Љубомир Јовески ги овласти довчерашните обвинители во СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“, потврдија за МИА извори во ЈОРМ.
Судењето за петкартното убиство кај Смилсковското езеро, треба да продолжи утре во Кривичниот суд.
Откако Советот на јавни обвинители вчера го констатира престанокот на мандатот на обвинителите во СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се вратија во ОЈО Скопје и сега оттаму ќе го застапуваат „Монструм“
Државниот јавен обвинител Јовески по преземањето на предметите од СЈО најави дека приоритет во распределбата ќе имаат случаите за кои веќе се води судска постапка.





