Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи го прослави 34-от роденден, а меѓу славеничките фотографии се појави и оваа на која таа е со нејзиниот сопруг и пријателите со маички на кои пишува „Јас сум од Боговиње“. Таа на Фетаи е со натпис на албански јазик, додека нејзиниот сопруг носи маичка со натпис на македонски јазик.
Фетаи има семејна куќа во Боговиње, но во работните денови престојува во стан во Скопје, а маичките требаше да потсетат на поврзаноста на Фатиме со нејзиниот роден крај.





