Фатени тројца бегалци од „Идризово“

Тројца бегалци од затворот „Идризово“ биле фатени вчера неколку часови по бегството од страна на полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.



По бегството околу 9 часот, тројцата биле забележани во с.Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.

Тие на застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон с.Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода.

Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа. Инаку, И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци.

Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната.

М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната.

Тие се вратени на доиздржување на казната.