Фатени двајцата разбојници од грабежот на УниБанка

Од МВР официјално потврдија дека се уапсени две лица осомничени за грабежот на експозитурата на УниБанка во скопскиот трговски центар Беверли Хилс.



Грабежот е пријавен денеска во 12:35 часот кога маскирани и вооружени разбојници им се заканиле на банкарските службеници со оружје и зеле пари од експозитурата.

Еден од разбојниците со пиштол испукал еден куршум. Во грабежот нема повредени.