Двајца црногорски државјани на возраст од 44 и 54 години се уапсени под сомнение дека украле накит вреден меѓу два и три милиони евра од една од насстарите златари во Париз.
Грабежот се случил во вторникот попладне: Ограбувачот, кој немал качулка, влегол во луксузната продавница „Шоме“ и ги замолил вработените да му го покажат накитот што наводно сакал да го купи, потоа извадил автоматски пиштол и зел се.
Потоа со накитот побегнал на тротинет.
Разбојникот и соучесникот имале изнајмено соба во третиот арондисман во Париз, а по грабежот со автобус заминале за Белград.
Тие биле уапсени во средата наутро во автобус на автопатот недалеку од границата со Германија, од припадници на специјални полициски единици.
Кај нив бил пронајден чинот накитот што бил украден.
Уапсените лица не и биле од претходно познати на полицијата.






