На фотографијата е портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски
Во акција на струшката полиција вечерва е фатен напаѓачот на началникот на Одделението за внатрешни работи Струга Ајро Артан кој доживеа тешки повреди по напад со нож од жител на Велешта.
Информацијата ја потврдува портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
,,Денеска (28.07.2023) околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што денеска околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга. А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава”, стои во информацијата на Стефан Димоски.
Последна вест
Засега не се знаат мотивите за грозоморниот напад
Велештанецот што се обиде да го убие началникот на струшката полиција е член на ДУИ
Поврзана вест
Се стеснува обрачот за напаѓачот чиј идентитет е познат
Полициска блокада на струшкиот регион, напаѓачот на началникот на МВР е од селото Велешта





