Синоќа околу 21.15 часот на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, го привеле Б.З.(24) од Тетово, јави Сител
Фатен бегалец од затвор, вратен во „Идризово“
Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправна установа- затвор „Идризово“ каде имал за доиздржување казна затвор во времетраење од една година и пет месеци за сторено кривично дело за кое бил осуден на казна затвор од пет години.
Лицето е спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.







