Вчера во 19 часот на автопатот А1, На наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, полицијата вчера го го привела Р.К.(32) од Струмица кој со товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ превезувал 28 мигранти од Сирија.
За настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка.
Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“.






