Фараж: По Ирак, Либија… мислите во Сирија ќе биде поубаво

Најџел Фараж, европратеник и поранешен лидер на британските евроскептичари смета дека САД треба да се воздржат од напади врз Сирија, додека не направат јасен план и стратегија, како одговор на нападот со хемско оружје во градот Дума.



За американската „Фокс њуз“ тој наведе бројни примери за безумни воени дејствија од страна на САД и нивните сојузници во последните 15 години.

„Нападнавме во Ирак, во обид да се ослободите арапскиот народ од лидерот (Садат – н.з.) го сторивме тоа и каков беше резултатот? Стотици илјади убиени и хаос. Во Либија се случи истото. Нападнавме, успеавме да се ослободиме од лидерот, кој не ни се допаѓаше (Гадафи – н.з.), но  широко ѝ ја отворивме вратата на ‘Исламска држава’“, рече Фараж.

„Историјата ни е полна со лоши интервенции, бидејќи сметаме дека сме должни да се вовлекуваме (во даден конфликт) од морална гледна точка, дури и да немаме соодветна стратегија или долгорочен план, рече тој и потсет дека пред една недела американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американските војници ќе бидат повлечени од Сирија.

„И сега сме на работ на најголемата воена операција кон која се приклучуваат Британија и Франција. Зарем мислите дека во Сирија ќе биде поубаво и побезбедно, ако воените удари на крајот го соборат сирискиот претседател Башар Асад? “, запраша Фараж.