Фантастични 23 милиони евра државни пари лани завршиле кај 410 компании – Зошто никој не им ги покачил платите на работниците?!

Лани 410 компании од државата добиле 23 милиони евра државна помош за инвестициски проекти. Една од нив е и фабриката за чоколади и кондиторски производи „Европа“ на која и се исплатени 14,3 милиони денари. Но ретко кој од овие компании им поделил зголемени плати на работниците, кои и онака едвај преживуваат поради двоцифрената инфлација која на големо го „јаде“ животниот стадтард.



– Се соочивме со здравствена криза, енергетска криза, па војна во Украина што донесе зголемени цени на суровини, зголемена цена на транспортот. Но „Европа“ сето тоа го надмина со годишно производство од 5.000 тони, кои се наменети за домашен и за странски пазар. Ова е заеднички успех на раководството, на работниците, но и на државата – рече премиерот Димитар Ковачевски.

Тој потсети дека покрај тоа што финансиски се поддржуваат инвестициите се поддржува и растот на платите.

– Државниот завод за статистика објави дека просечна месечна плата во април надмина 36.000 денари, а во 2017 година беше 22.500 денари. Исто и минималната плата сега е над 20.000 денари, а во 2017 година беше 7.000 денари. Лани ја завршивме годината со рекордни директни странски инвестиции од 750 милиони евра. Во ТИРЗ има 16.900 работници, а платите се далеку над просечните – рече премиерот.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи појасни преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите државата ги стимулира компаниите да влегуваат во нови инвестициски циклуси.