Фамозниот охриѓанец Нефи Усеини со кундак раскрварил глава на сограѓанин, полицијата информирана

Советникот на ДУИ во општина Охрид и познат локален бизнисмен Нефи Усеини денеска учествувал во тежок инцидент во кој едно лице е потешко повредено.



Очевидци тврдат дека нешто по 11 часот денеска во пред хотелот Јуник во Охрид по вербална расправија советникот на ДУИ со кундак од пиштол неколку пати во пределот на главата удирал друг Охриѓанец кој е однесен во охридската болница.

Блиски на нападнатиот тврдат дека за настанот е поднесена пријава до охридската полиција каде сеуште се размислува за преземање мерки против локалниот бизнисмен и општински советник.

Нападнатиот има тешки повреди на главата и вообичаено за ваков вид на насилство полицијата веднаш презема мерки за приведување на напаѓачи и расчистување на случајот.

Нефи Усеини е познат на македонската јавност по неколку инциденти од кои излезе без потешки последици.

Во еден случај тој нападна инспектори кои му ја уриваа дивоградбата во охридската чаршија, потоа вербално нападна новинар а имаше и пријава за физички напад врз колега од БЕСА како и професор на Шруловиот универзитет.

https://www.expres.mk/sovetnikot-useini-prijaven-vo-mvr-otkako-natepa-profesor/.

Советникот на ДУИ во Охрид пак нападна, сега новинар на А1он: Која дивоградба, пи*ка ти матер

Советник од БЕСА нападнат од колега од ДУИ во Охрид

Иако обвинителството даваше најави за кривичн пријави против него Усеини досега не одговарал за ниту од инцидентите кои што ги предизвикал иако лидерот на СДСМ Заев најави дека законот важи и за локалниот шериф како што го опишуваат медиумите.

(ВИДЕО) Локален шериф: Нефи Усеини

Полицијата го потврди инцидентот но само со иницијали на напаѓачот

Локалниот шериф влегол во процедурата на МВР по тешкиот инцидент https://www.expres.mk/svr-ohrid-napagjach-so-vozrast-i-inicijali-identichni-na-nefi-useini-e-napagjachot/

Најчитана вест денеска

https://www.expres.mk/opozicijata-predlaga-3-moduli-za-bezbedni-uchenici-od-1-septemvri/