„Фали ме усто, ќе те раскинам“: Царовска убедува дека имала поддршка за „реформите“

Само(фалењето) не се смета за доблест, напротив, но така не мисли и министерката за образование Мила Царовска, која тврди дека имала поддршка за „реформите“ дури и од академици, иако Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го отфрли нејзиниот концепт, заедно со повеќе научни институции.



„За првпат одиме со широка дебата за реформските процеси. Досега не сме имале вакви дебати за основно образование. Што би рекле академиците што беа со мене на состанок: ‘Пред 25 години да дискутиравме за основно образование како што дискутираме денес, колку ќе бевме развиени, колку подобар потенцијал и човечки капацитет ќе имавме во нашата држава’“, вели Царовска, мислејќи веројатно на триото Абдулменаф Беџети, Таки Фити и Владо Камбовски, со кои се сретна пред неколку дена.