Недостигаат луѓе во администрација, вели министерот за финансии

Фрчат огласи за нови вработувања на државно. Во однос на најавените во администрацијата, од финансии тврдат дека институциите не смеат да вработуваат освен ако не се пополнува испразнето работно место поради пензионирање или друг вид одлив на кадри.



  • Одлив на вработени има постојано. бројот на вработени во администрацијата од година во година се намалува. Податоците покажуваат дека од 87.028 вработени 2021 година, бројот на вработени во 2023 година изнесува 84.200. Што значи имаме еден тренд на намалување на бројот на вработени, вели Фатмир Бесими.

Во Буџетот за 2024 година, проектирани се средства за плати за 10% повеќе во однос на 2023 година за исплата на плати за постојните вработени во јавниот сектор. Целта според Бесими е да се  обезбеди постојан раст на платите, за да има администрација која ќе пружи квалитетни услуги за граѓаните и компаниите.

Тоа е една сеопфатна реформа што се спроведува во администрацијата. Треба да се ангажираат на неопределено време наместо на определено време, но на транспарентен начин преку јавен оглас и за тоа не се потребни дополнителни средства. Значи не се оптоварува Буџетот, не се потребни дополнителни средства, дециден Бесими.

  • – “Секоја институција е должна за да ги привлече ефикасните работници. Вработените во јавниот сектор треба да знаат дека за секое нивно место, минимум уште девет други чекаат и земаат плата од нашите даноци како граѓани. Треба да служат на граѓаните“ истакна Бесими.

Вкупните приходи минатата година биле на ниво од 98,3 проценти, а расходите на ниво од 98,1 процент. Министерот за финансии Фатмир Бесими уверен дека инфлацијата ќе продолжи да се намалува и во 2024.