Навивачите на македонската фудбалска репрезентација од вчера се во сицилијанскиот град Палермо каде утре се игра бараж мечот против Италија за пласман на светското првенство во Катар.
Во градот вечерва ечи Македонија, Македонија и други извици кои ги користат македонските навивачи познати и како ,,Македонска фаланга”.


Најголем дел од навивачите се пристигнати од Македонија но има и од Италија, Швајцарија, Германија, Австрија и други европски земји.
За вечерва се очекува пристигнување и на автобусите со навивачи кои се организирани од ФФМ.
Вкупно утре во Палермо се очекуваат околу 2000 македонски навивачи да ја бодрат Македонија.
Видеа од вечерва во Палермо
Македонската Фаланга пристигна во Палермо пред мечот – Македонија Италија pic.twitter.com/eYywSpzBtf
— EXPRES.MK (@ExpresMK) March 23, 2022
Македонската Фаланга во Палермо pic.twitter.com/gl7zuZK9ln
— EXPRES.MK (@ExpresMK) March 23, 2022
,,Македонија, Македонија" ечи во центарот на Палермо пред утрешниот меч со Италија во баражот за СП Катар pic.twitter.com/uLGZvbcPru
— EXPRES.MK (@ExpresMK) March 23, 2022
Поврзана вест
Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански …






