Шефот на Комисијата за надворешна политика во албанскиот парламент Ралф Ѓони му се заблагодари за поддршката што вчера бугарскиот премиер Борисов му ја дал на Албанија и на колегата Еди Рама.
Но екс дипломатот во исто време се сомнева во искреноста на бугарскиот премиер кога вели дека се бори за цел регион во ЕУ.
“Ви благодарам ? Бојко Борисов , но треба да престанете да ја блокирате Македонија ако сте сериозни во врска со проширувањето на ЕУ на Балканот”, пишува екс амбасадорот до бугарскиот премиер.
Ѓони е пратеник на албанската опозициска Демократска партија.
Што и порача вчера Борисов на Албанија





