Извршниот и Централниот одбор на СДСМ вечерва ќе заседаваат и ќе треба да донесат одука дали владеачката партија ќе го поддржи актуелниот лидер Зоран Заев да продолжи да биде на чело на СДСМ.
Заев вчера не поднесе оставка на позицијата премиер до Собранието, но во петокот најави дека се откажува од прв човек на СДСМ.
Двете оставки, Заев ги најави по вториот круг на локалните избори на 31 октомври.
Иако партијата од Бихаќка не открива детали што е тема за заседавањата на одборите, можно е да се одлучи дали Заев ќе остане на местото претседател на партијата или ќе поднесе оставка како што најави неодамна по поразот на СДСМ на локалните избори, пишува Фактор.







