Редакцијата на порталот „Фактор“ уште во вторникот испрати прашања до Владата за тоа кога премиерот и останатите членови на Владата го планираат својот летен одмор и колку време би биле отсутни, но до сега од прес-службата за односи со јавност не добил одговорите.
Премиерот Зоран Заев последен пат беше виден во јавност во понеделникот на националниот празник Илинден, кога по одбележувањето на Денот на републиката заедно со министерот за здравство Венко Филипче се упатија во Кочани на увид во справувањето со огнената стихија.
Владата последните седници ги одржува преку видеоконференциска врска.
Претходно премиерот најави дека по празникот Илинден разгледува неколку дестинации за одмор, а и дека ќе му биде гостин на поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, потсетува „Фактор“.







