Повеќе од 80 луѓе треба да бидат примени на работа во Фондот за здравствено осигурување на земјава, дознава Фактор.
Само во еден ден распишани се огласите за прем на сите овие луѓе, и тоа ни помалку ни повеќе, туку точно на 6 август, денот кога беа распишани локалните избори.
Се бараат раководители, соработници, референти… а ФЗОМ бара и директор на секторот за комуникаци и административна поддршка, кој ќе зема ни помалку ни повеќе, туку плата од 46.246 денари.
Другите референти, соработници и раководители ќе примаат плати меѓу 18 и 30 илјади денари.
И други институции имаат објавено јавни повици преку Агенцијата за администрација токму на 6 август.
Меѓу нив се Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, пет вработувања, потоа Бирото за метрологија, кое ќе прима шестмина извршители, потоа Министерството за економија кое ќе има најмалку пет вработувања.
Огласи имаат распишано и општини, јавни претпријатија, комунални и слично.
Антикорупционерите велат дека иако распишување на вакви огласи откако се распишани изборите не е забрането, оваа постапка не е во ред.
ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК







