Фактор: Струјата од Бугарија ќе не чини по 410 евра за мегаватчас

Бугарската струја што може да биде испорачана за фирмите во Македонија тешко дека може да биде поевтина од 410 евра за еден мегаватчас и тоа за периодот од почетокот на октомври па до крајот на декември, годинава. објави Фактор.мк.



Последниот официјален ценовен сигнал од Бугарската берза за струја е дека на денешната аукција некој купи 110.450 мегаватчасови по цена од 410 евра за мегаватчас. Веќе има референтна цена и за 2023 година и таа изнесува 380 евра за мегаватчас.

На овие цени нашите фирми треба да платат и преносен капацитет, државни давачки и секако неизоставна трговска маржа, пишува порталот.

Веста од нашата влада дека обезбедиле 200 мегавати струја за период од 1 октомври до 30 март остави многу недоречености и недоумици во јавноста. Најголема непознаница остана цената што нашите фирми би ја платиле за секој увезен мегаватчас струја, зашто струјата е берзански производ и нема да ја добиеме „на лепе очи“, пишува порталот.