Фактор: Советник на двајца премиери стана директор во ЕСМ

Советникот за енергетика во кабинетот на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, како и на поранешниот Зоран Заев, ненадејно е назначен за директор за развој и инвестиции на АД ЕСМ. 



Одлуката за Виктор Андонов е донесена на 9 октомври, а Андонов доаѓа на местото на Благој Гајдарџиски.

Андонов исто така беше советник на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, а откако е во Владата, како и претходно, работи на спроведување на проектот „Чебрен“, дознава Фактор.

Андонов за Фактор изјави дека со оваа одлука повеќе нема да биде советник во Владата и дека, освен Чебрен, ќе работи на, како што вели, повеќе други амбициозни проекти, меѓу кои тој најавува и пловечки фотонапонски централи на вештачките езера.