Фактор: Сметката на 1ТВ блокирана од УЈП!?

Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, дознава порталот „Фактор“, кој се повикува на свои информации според кои од вчера оваа телевизија има замрзната сметка.



1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, а во реддакцијата влегоа познатите новинарски имиња како Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Гордана Дувњак, Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Јадранка Костова…

На отворањето на телевизијата присуствуваше речиси цела Влада.