Фактор: Скопјанец лани зел плата од 2,3 милиони евра

995 граѓани оствариле приходи од 10 милиони до 100 милиони денари оствариле лчани што е за 238 лица повеќе од 2021 година, информираше директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, објавува Фактор.



446 милиони денари е највисокиот вкупен годишен бруто доход остварен по повеќе основи од жител на Скопје и највисоката годишна бруто плата во 2022 година исплатена е кај граѓанин од Скопје.

Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари.

Највисокото лично примање во износ од 280,6 милиони денари по основ на извршена работа е остварена исто од Скопје, доход кој лицето го остварило во странство.

173, 4 милиони денари е највисоката остварена капитална добивка од жител на главниот град, остварена при продажба на удел во трговско друштво, соопшти директорката на Управата за јавни приходи.