Поарнешниот ген-сек на владата, Драги Рашковски негира дека стекнал средства на незаконски начин и тврди дека се’ што поседува сега, поседувал и пред да биде генерален секретар, пренесе Фактор.
„Нити има хациенда нити ништо. Станува збор за купен плац, купен од мои средства, од кредит и тие средства потекнуваат од пред да станам генерален секретар. Плацот е купен со обезбедување мое од момент кога не сум бил функционнер. Кога станав функционер не влегов без средства“.
Рашковски вели дека на своте картички уплаќал пари кои му биле дадени од Владата, откако ќе потрешел свои паи за патувањата во странство за хотелите или за наточеното гориво.
Запрашан за парите на неговите малолетни деца Рашковски вели:
„Не постои разлика во мојот имотен лист освен кај подароците на моите две деца прибрани од родендени…
Децата имаат само заштеда од нивните родендени, а се друго што поседуваат е мој имот. Се вулгализира целата работа, се’ сум имал и пред да станам генерален секеатар“, рече тој.
Инаку, денеска беше одложено првото рочиште за случајот „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар на Владата и уште 5 лица, поради отсуство на еден од обвинетите.
Следното рочиште е закажано за 24 февруари. Фактор







