Во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, платата во март изнесувала 80.128 денари, додека просекот од претходните три мееци бил 79.848 денари.



Плата од над 80 илјади денари, „компјутерџиите“ земале и во февруари годинава, така што во март дури има и благо намалување, пишува Фактор.. 

Соред висината на платите по програмерите доаѓаат вработените во финансиско услужните дејности, кои земаат 56.260 денари, а на трета позиција се некогашните шампиони, оние вработени во дејноста телекомуникации, чија просечна мсечна плата е 51.536 денари. 

Следи фарамацевсткиот бизнис со плати во просек од 50.295 и останати стручни, научни и технички дејности, каде платите изнесуваат 50.184 денари.

Инаку, мартовската просечна плата стигна до 31.080 денари, што е годишен пораст за 10,1 отсто.