„Балкан Јутилитис“ која гја снабдува ЕСМ Продажба асио гас, сака да тргува со електрична енергија, дознава „Фактор“.



Бугарфската компанија „Балкан Јутилитис Трејдинг“, деновиве регистрираше нова фирма за трговија на електрична енергија со истите управители како во случајот со природниот гас – Тони Стефанов Баев од Бугарија и Савас Агапио од Грција и од истата адреса во Софија. 

Балкан јутилитис е регистрирана во 2003 година под дејноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“.

Фактор потсетува дека ЕСМ склучува месечни договори за испорака на гас од споменатата компанија, но цената на гасот на светските берзи за мегаватчас е пониска од фиксната цена што Македонија ѝ ја плаќа на „Балкан јутилитис“.