Во населбата Илиден, во три часот утринава било запалено возилото од марката „Рено Клио“ на командирот во Идризово, дознава ексклузивно Фактор.



Огнот, освен што целосно го пеплосал возилото, ја зафатил и гаражата каде автомобилот бил паркиран, но за среќа во инцидентот нема повредени.

Од МВР го потврдуваат случајот.

„ На 26.06.2023 во 03.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден биле опожарени гаража и патничко моторно возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(50) од Скопје. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчитсување на случајот“, информираат оттаму.