Сопственици на десетина возила кои се одмор во Калитеа, на првиот крак од грчкиот полуостров Халкидики, ги најдоа автомобилите со искршени стакла и дупнати гуми, јавува порталот Фактор.
Најголем број од оштетените возила се со битолски регистрации паркирани до плажата во близина на холелот „Зевс“. Инцидентот бил пријавен и се чека на реакција на грчката полиција.
Сопствениците на оштетените возила се чувствуваат загрозени од овој немил настан. Стравуваат да не доживеат и други инциденти.
„Не знаеме како ќе ја поминеме ноќта“, велат тие за Фактор.






