Рокот предвиден за плаќање на еднократниот кризен данок заврши, а според Управата за јавни приходи по овој основ се собрани 33 милиони евра од успешните компании, дознава Фактор..



Рокот за плаќање за солидарниот данок, кој за прв пат законски се воведува во земјата, траеше од 25 септември до 25 октомври, а УЈП за Фактор инфомираше дека од 150 даночни обврзници, кои го исполниле законскиот критериум, обврската ја завршиле 96 компании. 

По изгласувањето на Законот за солидарен данок, пресметките на владата беа дека по овој основ еднократно ќе се соберат од 50 до 80 милиони евра од успешни компании од енергетиката, трговијата, металургијата и финансискиот сектор кои ја зголемиле добивката за време на енергетската и воена криза.