„Фактор.мк“: За Нова година и Божиќ испратени 115 илјади честитки – писмо и од Дедо Мраз преку Северниот пол

„Иако не е масовно како порано, сепак и денес во Македонија има граѓани, кои практикуваат за Нова година и Божиќ да праќаат честитки. Оваа година за празниците се испратени 115.058 честитки.“ – објави информативниот портал „Фактор.мк“

„Фактор.мк“ пишува: „Ако споредиме со претходните години, сепак има пораст на бројот на испратени честитки преку Пошта на Македонија. Во 2020 година се испратени 44.503, а во 2019 година 102.695 честитки. Пошта оваа година се потруди да го популаризира праќањето честитки.“

„Оваа година Пошта за првпат воведе и посебно изненадување за дечињата – писмо напишано лично од Дедо Мраз, испратено преку Северниот Пол и доставено преку Пошта. Анализирајќи ги изминатите три години, оваа година се забележува пораст на бројот на продадени и испратени честитки.’ – велат од Пошта на Македонија.“