Фактор.мк“: „Сопственик на фирма за струја стана и 18-годишниот Душко, синот на Зоран Заев“

„Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев, запливува во водите на бизнисот, откако како сопственик основаше претпријатие за производство на електрична енергија. Синот на Заев е 18-годишен тинејџер, а компанијата која ќе ја раководи го носи името Тотал Енерџи со седиште во Струмица.“ – објави информативниот портал „Фактор.мк“ во својата информација со наслов „Синот на Зоран Заев стана сопственик на фирма за електрична енергија “.

„Фактор.мк“ пишува: „Семејството Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија. Префиксот ‘Тотал’ го носат уште две компании, во кои стопроцентен сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер: ‘Тотал инженеринг’ и ‘Тотал електрик’. Најпозната компанија на Заеви е ‘Тргопродукт’ и фирмата-ќерка ‘Мамас’. Семејството Заеви заедно со своите партнери главно дејствуваат во градежниот бизнис, но се занимаваат и со транспорт, малопродажба, трговија.“

„Зоран Заев на крајот на минатата година ја депонираше оставката од функцијата претседател на Владата до Собранието. Во писмениот документ, што беше испратен до собранискиот спикер, беше образложено дека за ваквата одлука се решил по исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати. Претседателот Стево Пендаровски изминатата недела рече дека Заев веќе му се вратил на бизнисот во Струмица.“