„Фактор.мк: „Ревизорите предупредуваат: ковид-кризата го зголеми многу јавниот долг – се доведува во прашање неговата одржливост“

„Во услови на ковид 19 – пандемијата достигната е границата на јавниот долг од 60 отсто од бруто-домашниот производ. Долгот е зголемен за 15 процентни поени.‘ – ова е наведено во најновиот ревизорски извештај за управувањето со јавниот долг на Македонија. Ревизијата го опфаќа периодот од 2015 – 2020 година. Во Македонија 75 отсто од вкупниот јавен долг, односно 88 отсто од државниот долг, е за финансирање на буџетскиот дефицит, поради проектирани повисоки расходи од приходи.“ – објави информативниот портал „Фактор.мк“ во својата анализа со наслов „Државните ревизори предупредуваат: Ковид кризата го зголеми многу јавниот долг – се доведува во прашање неговата одржливост“

Во обемната анализа се наведува и следното: „Во извештајот ревизорите утврдиле дека непостоењето посебен закон/подзаконски акт, или стратегиски документ за водење на јавните финансии во исклучителни околности/кризна или вонредна состојба, претставува ризик во управувањето со јавниот долг.“