„Фактор.мк“ Не прекинуваат вработувањата во државните институции – во ЦУК на Ангелов дури 50 нови луѓе!

„Не прекинуваат вработувањата во државните институции. Веќе на трети јануари беа распишани првите огласи на веб страницата на Агенцијата за администрација во повеќе органи на државната и на локалната власт, а нивното објавување продолжи и наредниот ден, така што буквално се искористија двата меѓупразнични денови за да се пополнат што повеќе места во јавната администрација.“ – пишува информативниот портал „Фактор.мк“ во својата анализа со наслов „За новиот број 112 за пријавување на сите проблеми во ЦУК на Ангелов ќе се вработат 50 нови луѓе’

„Фактор.мк“ објавува: „Најголемиот број од новите вработувања во ЦУК ќе бидат поврзани со фактот што земјава од оваа година се вклучува во системот Е – 112, што предвидува преку единствена бесплатна телефонска линија граѓаните да можат да упатат итни повици за помош во случај на нужност, а од Центарот за управување со кризи во најкраток можен рок од едно место да се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита. Станува збор за европски проект, кој треба да го спроведува секоја земја аспирант и членка на Европската Унија. На новиот број 112 граѓаните ќе можат да се јават за било каков проблем, а не да ги знаат напамет сите дежурни броеви.“

„На огласите кои се распишани, прво, се бара еден советник за контрола на квалитет, кој ќе зема плата од 34 илјади денари. Треба да има високо образование од одбрана, безбедност или правни науки и најмалку три години работно искуство во струката. За ова работно место, согласно согласно годишниот план на институцијата за вработувања, може да се пријави само Македонец. Оглас има и за еден советник за одржување на бази на податоци на Центарот за итни повици Е-112. Овој вработен исто така ќе зема плата од 34 илјди денари, а треба да има високо образование од областа на телекомуникациско инжинерство, компјутерска техника и информатика, или електромашинство и најмалку три години работно искуство во струката, а ова место е предвидено за Македонец. Оглас е распишан и за двајца советници систем инжинери за развој и одржување на Е-112, исто така со високо образование од телекомуникационо инжинерство, компјутерска техника и информатика, како и електромашинство, и треба да има најмалку три години работно искуство во струката. Овие вработени треба да бидат Македонци и ќе земаат плата од 34 илјади денари.“

„ЦУК преку оглас бара и 12 самостојни референти Е112 – оператори – примател на повици на телефонскиот број за итни повици -112, кои треба да имаат или најмалку вишо или средно образование и најмалку три години работно искуство во струката. Тие ќе земаат нето плата од 21.600 денари, а треба да бидат шестмина Македонци, двајца Албанци, и по еден Ром, Србин, Бошњак и од други националности. Со распишаниот оглас ќе се вработат и 13 помлади референти Е-112 оператори – приматели на повици на телефонскиот број за итни повици -112, со најмалку вишо или средно образование и со или без работно искуство во струката. Платата ќе им изнесува 21.600 денари, а ќе бидат деветмина Македонци и четворица Албанци.“

„Тројца во ЦУК ќе бидат примени како помлади референти 112 Оператор – примател на повици на телефонскиот број за итни повици -112 за Тетово, со истиот износ на плати, а треба да бидат еден Македонец и двајца Албанци. Ист вид на тројца кадри се бара и за Штип, со исти плати, а таму сите тројца нововработени ќе бидат Македонци. Три приеми ќе има и за Охрид, двајца Македонци и еден Албанец, потоа за Битола, со иста плата и ист етнички состав, за Куманово, и тоа еден Македонец, еден Србин и еден Алнабец, тројца за Струмица, и сите тие треба да бидат Македонци, и тројца за Велес, а од нив двјца треба да бидат Македонци и еден Ром.“

„Голем број приеми ќе има и во Фондот за пензиско: дури 13 нови приеми. Се бара еден соработник за внатрешна контрола, со плата од 25.167 денари, кој треба да биде Македонец, потоа референт за човечки ресурси, кој ќе зема 19 илјади денари, и по националност треба да бде Турчин. На оглас се бара и еден технички секретар, кој ќе работи за 22 илјади денари, а треба да е Македонец, потоа еден оператор за контрола на податоци за архивирање на документи, кој ќе зема 19 илјади денари и треба да биде Македонец.“

„Во Фондот за ПИОМ ќе се вработи и стручен соработник за јавни набавки, а неговата плата ќе биде повисока и ќе изнесува 29 илјади денари, кој ќе биде Македонец, потоа соработник за обуки и оценување, кој ќе зема 25.167 денари, и исто така треба да биде Македонец. Ќе се прими и еден дактилограф, за 19.350 денари, Македонец. ПИОМ ќе прими и еден раководител на Филијала Гевгелија, за плата од 32.570 денари, како и раководител на Деловницата Македонски Брод- контролор, кој ќе зема 29.397 денари. Пензискиот фонд ќе прими и еден соработник за комплетирање на податоци од матична евиденција и придонес од пензиско и инвалидско осигурување, за 25.167 денари. Фондот на оглас бара и раководител на Филијала Делчево, кој ќе зема 31 илјади денари, потоа раководител на Деловницата Радовиш, за плата од 29.397 денари, потоа раководител на Филијала Кочани, кој ќе зема плата од 32.570 денари.“ – објавува „Фактор.мк“ во својата анализа.