Фактор: Матичните не сакаат стимул за да ги тераат пациентите да се вакцинираат

„И ние, матичните лекари читаме, следиме, гледаме искуства од други земји…никаде нема вакцинацина на прележаните по само месец и пол ја прележале болеста.



Со ова не можам да се согласам и готово.

За овие пациенти не ми треба стимулација ниту од 3.000 денари, а не за 30 како што одлучија нашите власти.

За сите останати, вакцинацијата целосно ја поддржувам и работам во насока на тоа да се заштитат со вакцина уште, како што реков, од почетокот на имунизацијата против Ковид-19 и без стимулацијам“, вели матичен лекар за „Фактор“.

Владата донесе одлука во насока на стимулација на интересот за вакцинација за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на нивните пациенти.

„Ова е повеќе од поттценувачки за нас како матични лекари, кои и досега сме ставани на маргините во целиот ланец на здравствениот систем. Нам не ни треба стимулација од 30 денари по пациент за да се вакцинира…“ изјавуваат лекари за Фактор.