„Ние имаме поставено подно греење, но тоа не функционира ако нема котел. А, котел немаме бидејќи претходната директорка си го однела“, вели директорката на ЈП „Лајка“ Радмила Пешева за „Фактор“.



Директорката Пешева, која три месеци раководи со претпријатието, вели дека тоа го дознала од вработените.

„Наводно котелот бил донација и таа кога ја напушти функцијата си го земала. Јас искорено не знам ниту како е донесен, ниту како е изнесен од претпријатието.

Моментално сме во процес на набавка. Веќе беа стручни лица за да го проверат системот, а фирмата која ќе треба да не обезбеди со нов котел, всушност ќе ни го даде по набава цена, и тоа најброз што може“, вели Пешева.