Долги години за оваа клиника се заинтересирани странски компании, има преговориво тек, но засега нема ништо конкретно,велат од Клиниката „Жан Митрев’“ за Фактор.
„Преговори има последните неколку години со голем број заинтересирани страни. Кога ќе има и ако има конкретен договор со некој од нив први ќе бидеме да ја информираме јавноста“ велат од Клиниката.
Во 2000 година, во еден изнајмен дел од Воената болница во Скопје, беа поставени контурите на специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, чие огнено крштевање беше одбележано со првата бај-пас операција во Република Македонија, предводена од академик д-р Жан Митрев.
Од самиот почеток, беа поставени високи стандарди и се отворија нови хоризонти во македонската кардиоваскуларна хирургија.
Клиниката Жан Митрев се простира на 17.000 м2, располага со повеќе операциони сали, одделенија за интензивна и полуинтензивна нега.






