Фактор: Граѓаните во банка имаат заштеди од над 5 милијарди евра

Најновите податоци на Народна банка на Македонија покажуваат дека депозитите на домаќинствата ја пробија границата од пет милијарди евра.



Или, попрецизно, на крајот на јуни годинава вкупните заштеди на домаќинствата биле на ниво од 5,002 милијарди евра, додека, пак, само еден месец претходно тие изнесувале 4,951 милијари евра, објавува порталот „Фактор“. 

За еден месец, односно во јуни регистрирано е зголемување на депозитите на граѓаните за вкупна сума од 51,4 милиони евра.

Ова е позитивен момент во услови на голема економска криза во светот и земјава, предизвикана од високата инфлација и војната во Украина, пишува „Фактор“.