Во октомври и во ноември имало отпуштања од работа, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување и покрај мерката за помош на компаниите за исплата на плати на своите вработени.
Во ноември годинава бројот на невработени достигнал 155.218 граѓани, што е зголемување за еден месец за 1.419 лица.
Во октомври се регистрирани 2.440 нови неврабтени, ако се има предвид дека на крајот на тој месец бројот на невработени лица изнесувал 153.799, наспроти 151.359 невработени колку што биле пријавни во Агенцијата на крајот на септември,
Или, за октомври и ноември има вкупно 3.859 регистрирани нови невработени во земјава.
Во официјалната статистика на Агенцијата за вработување се нагласува дека заклучно со крајот на ноември, се евидентирани 16.381 невработени лица по основ на корона кризата, и тоа почнувајќи од 11 март годинава, кога беше прогласена пандемијата.




