Балкан Енерџи Груп(БЕГ) бара цената на парното да се зголеми за 300 отсто веќе од први јануари следната година, дознава Фактор.



БЕГ, во барањето кое го доставиле до Регулаторната комисија за енергетика наведуваат дека цената на гасот им е драстично зголемена за 300 проценти, во однос на јули минатата година кога РКЕ ја донесе последната одлука за цената на топлинската енергија.

Колкаво зголемување ќе одобри РКЕ не е познато, но укажуваат дека земјава нема домашно производство на гас и тој се набавува единствено од увоз, а цената на светските берзи е драматична, открива Нина Нинеска Фидановска за порталот „Фактор“.