Домашните деловни банки и трите приватни задолжителни пензиски фондови на државата и позајмиле 1,84 милијарди евра,  а тоа е 80 отсто од целиот јавен долг на домашниот пазар.



Приватните задолжителни пензиски фондови и банките се најголеми кредитори кои на државата ѝ позајмиле 1,84 милијарди евра,  а тоа е 80 отсто од целиот јавен долг на домашниот пазар, објави Фактор.

Дури една милијарда евра пари на идните пензионери се заѕидани во јавниот долг поточно во државни записи и обврзници издадени од Министерството за финансии, покажуваат податоците достапни на овој линк кој води до базата на Министерството за финансии.

Од вкупните нето средства што ги имаат трите приватни задолжителни пензиски фондови („Сава“, „Триглав“ и „КБ Пензиско“) кои на крај на 2022 година изнесуваат 1,846 милијарди евра 55 отсто се дадени на заем на државата.

Веднаш зад приватните пензиски фондови се домашните деловни банки. Тие на државата и позајмиле односно и купиле записи и обврзници вредни 837,32 милиони евра. 

Повеќе од сигурно е дека најголем дел од овие пари пласирани во записи и обврзници издадени од државата се штедни влогови и депозити на граѓани, а во помала мерка и на домашни правни лица.