Фактор: Црвенковски (не) се враќа во политиката

Поранешниот шеф на државава и екс лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, во изјава за Фактор, децидно демантира дека е вклучен во какви било политички активности, и како што вели, останува на ставот да не коментира актуелни политички случувања во земјава.



Неколку различни извори, кои се добро упатени во случувањата на политичката сцена во земјава за Фактор велат дека мотив за политичкиот камбек на Црвенковски наводно било неговото незадоволство од начинот на кој сегашното раководство на СДСМ, на чело со лидерот и премиер Зоран Заев, управува и се справува со големите политички, здравствени и економски проблеми со кои се соочува државата.
Извори за порталот уште велат дека Црвенковски би се вратил на политичката сцена веќе на локалните избори кои во земјава ќе се одржат наесен. Според овие кругови, Црвенковски би настапил со независни листи, кои би им биле вистинска конкуренција на листите за градоначалници и советници на неговите некогашни сопартијци од СДСМ.

ПОВЕЌЕ