Фактор: „Бетон“ ја продава зградата за 5 милиони евра

Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант „Бетон“ се продава за 5 милиони евра во банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка. Деловниот објект што се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија е изграден во 2012, а НЛБ Банка го проценува на  4.952.967 евра.



„Во рамки на недвижноста се наоѓаат подвижни предмети, машини и опрема – канцелариски мебел и систем за видео надзор, систем за заштита од провала и кражба, систем за заштита од пожар, лифтови, комплет систем за греење и ладење – климатизација и вентилација, со моментална вредност од 318.963 евра“, пишува во огласот на банката.

Компанијата лани, кога се уште беше сопственик на деловно административната зграда, на вонредно акционерско собрание, во една од точките предложи продажба на овој недвижен имот. Во план беше откако ќе се усвои предлогот, да се прави проценка на имотот и да се објави оглас за да се најде купувач, стои во текстот на Фактор.мк.

Линк до целиот текст.

https://faktor.mk/zgradata-na-beton-na-bankarski-oglas-za-5-milioni-evra