Владата по синоќешната седница објави дека е прифатен нов Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.
Според новиот анекс, рокот за завршување на работите е 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот.
Владата претходно барала Синохидро да довршува и да пушта во употреба делница по делница, објавува Фактор.
Синохидро инсистирале во употреба да се пуштат сите 5 делници заедно или пак барем евентуално прво две па останатите до крајниот рок, штро беше причина анексот до сега да не биде готов, иако беше најавено да биде пуштен на усвојување во Собранието до крајот на изминатиот јуни.
На 30 јуни годинава заврши вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој се гради од 2014 година.







