Фактор: Автопатите непочнати, објавен оглас за плати над 1.000 евра

Изградбата на автопатите што треба да ги гради Бехтел и Енка, уште не е почната, но Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за привремено вработување на работници за проектот за изградба на четирите автопати на Коридорот 8 и 10д, објави Фактор.



Вработувањата ќе траат до завршувањето на проектот, односно до 22 јануари 2028 како што е предвидено.

Интересно е тоа што, наспроти упорноста на власта за законски измени со кои ќе може конзорциумот да ангажира работници за 60 часа неделно, овие вработени ќе работат само 40 часа неделно.

Како најатрактивно работно место е потребата од еден помошник на главниот и одговорен координатор на проектот. Треба да биде градежен инженер и ќе добива основна плата од 70.052 денари. Работното време ќе му биде осум часа дневно во прва смена“, пишува порталот.

Огласот ќе трае до 25 април, а директорот на ЈПДП ќе формира комисија која ќе треба да ги селектира кандидатите. Изборот може да трае од 45 до 120 дена, во зависност од тоа колку кандидати ќе се пријават, што може да се види и на линкот објавен на 13 април на веб-страницата на јавното претпријатие.

Проектот што треба да го гради конзорциумумот „Бехтел и Енка, се соочува со серија контроверзности. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор.