Владата не постапила по одредени барања од антикорупционерите лани минатата година да се разрешат одредени службени лица за судир на интереси, се вели во дел од Извештајот за минатата година на Државната комисија за спречување на корупцијата. Нивниот мандат потоа завршил, и тие не биле избрани повторно на функциите, пишува Нина Ниневска Фидановска во анализа на порталот Фактор.
,,Дури 599 пријави за корупција кај јавните служби и службеници минатата година стгнале до Државната комисија за спречување на корупцијата, говори извештајот за работењето на антикорупционерите за 2021 година.
Тоа е 67 проценти од вкупно поднесените пријави лани до Антикорупциската комисја.
За судир на интереси имало 106 пријави, додека, пак, оние за имотна состојба на избраните и именуваните лица бил 45. За финансирање на изборни кампањи имало 54 пријави.
Во врска со овие пријави, ДКСК донела 675 одлуки од својата надлежност, од кои 390 се однесуваат токму на корупцијата.
На судир на интереси отпаѓаат 152 одлуки, додека 92 одлуки се однесуваат на имотна состојба. Во врска со финансирање на изборни кампањи, пак, антикорупционерите донеле 41 одлука”, пишува Фактор.
Целата анализа на овој ЛИНК
Предходно expres.mk објави дека ДКСК барала од владата да го казни екс министерот за здравство Филипче за користење на возило од Агенцијата за разузнавање на партиски митинг на СДСМ но Филипче никогаш не беше казнет за делото.






