Фактор: 808 евра за еден мегаватчас струја плаќаат денеска школи, градинки…

Училишта и градинки, јавни установи, агенции, дирекции и министерства струјата што ја трошат денеска ќе ја платат по неверојатни 808 евра за еден потрошен мегаватчас електрична енергија! Тоа е новата рекордна цена за мегаватчас која вчера беше постигната на унгарската државна берза ХУПЕКС. А оваа цена е референтна дневна цена вклучена како основа за пресметка на дневната цена по која речиси сите снабдувачи им ја наплаќаат на нашите институции и компании, објави Фактор



Денеска повеќе од 100 наши институции вклучувајќи ги сите училишта во општините Центар, Сарај, комуналните претпријатија во Кочани, Охрид, Скопје други установи, министерства, државни агенции и инстанци ќе платат, верувале или не, 808 евра за еден мегаватчас потрошена струја и згора на тоа провизијата за снабдувачот како и ДДВ од 5%.