Сабина Факиќ, програмска директорка во Центарот за граѓански комуникации, со коментар за почитувањето на редот и законот во време на ескалација на коронакризата во Македонија.



„Не може да се очекува од граѓани кои од осамостојувањето до денес сведочат на состојби на селективна правда, на вработувања преку партиски списоци, на збогатувања преку ноќ, неказнети кражби и убиства одеднаш да почитуваат ред и закон. Рибата смрди од главата. МПЦ и ИВЗ не се виновници и тие се последица на загубените општествени вредности“, смета некогашната главна уредничка на сега непостоечката телевизија А1.