Професорот Трајко Славески сподели на Твитер уште една апсурна последица од Охридскиот рамковен договор во однос на фамозната правична застапеност, поради која на најдобриот студент од неговата претходна генерација му сугерирале да се изјасни Албанец за да се вработи, но тој одбил.



„Плачам… Што да му советувам на мојот најдобар студент од претходната генерација?! Со Охридскиот рамковен договор, наводно, сопревме еден поширок конфликт. Колегата студент бил бебе таа фамозна 2001 година. Треба ли сега со оружје да се бори за своите основни човекови права?“, прашува професорот на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии.